Фото: Pxhere

Рецепт за евтин и лесен ручек — тиквички и пиперки запечени со сирење и јајца

Доаѓа убаво време и тогаш наместо силна и мрсна храна сакаме нешто полесно. Полека започнува сезоната на разновидни овошја и зеленчуци, но тиквичките можете да ги најдете во текот на целата година. Наш предлог за денешниот ручек е да направите вкусно јадење од зеленчук прелиено со сирење и јајца.

Подготовката на ова јадење е толку лесна, а сѐ што треба да направите е накратко да ги пропржите тиквичките, пиперките и другиот зеленчук, па да ги измешате со смесата со јајца и да ги запечете во рерна.

Состојки:

– 1 главица црвен кромид
– маслиново масло
– 2-3 моркови
– 2 пиперки
– 2-3 тиквички
– 3 јајца
– 300 милилитри млеко
– 4 лажици брашно
– 200 грама тврдо сирење

Подготовка:

Кромидот исечкајте го покрупно, па пропржете го на малку маслиново масло, па додајте го сечканиот морков. Промешајте, а по 5 минути додајте ја сечканата пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ги сечканите тиквички, солта и биберот, па покријте и динстајте 12 минути. Јајцата зачинете ги со сол и бибер, па изматете ги, а потоа додајте го млекото и ренданото сирење. Убаво соединете. Во огноотпорен сад подмачкан со масло наредете го зеленчукот, а потоа прелијте со смесата со јајца и сирење. Малку измешајте и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот