Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност - Фото Слободен печат - Агнеса Чаволи

ФОТО | 120 македонски музичари, актери и спортисти во мјузикл за 35 години независност на Македонија

Повеќе од 120 уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување 35 години независност на Македонија, беше соопштено на денешната прес-конференција.

Македонскиот режисер Дејан Пројковски подготвува голем музичко-сценски спектакл, поточно мјузикл, во чест на 35 години независност на Македонија, во соработка со „Авалон продукција“ и „ОХО продукција“.

Патувачкиот музичко-сценски перформанс, односно мјузикл, има за цел да ја прослави македонската култура, историја, спорт и уметност со повеќе од 120 македонски артисти (музичари, актери) и спортисти, кој ќе вклучи меѓу 14 и 15 настани што ќе се реализираат низ 15 градови во Македонија.

Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Тимот што ќе го реализира овој проект го сочинуваат Дејан Пројковски – режисер и реализација, Игор Џамбазов – главен шеф на бината и продуцентот Пеце Талески (ОХО продукција).

Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност – Фото Слободен печат – Агнеса Чаволи

Игор Џамбазов рече дека настанот ќе се отвори со антологиска поезија, надоврзувајќи се на големите успеси на државата на секое поле – од врвните спортски достигнувања до уметничките блесоци, со цел на културолошки начин да ги поврзе генерациите што твореле и растеле во овие три и пол децении, вклучувајќи филм, поезија, литература и музика.

Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Прес-конференција по повод одбележувањето на „35 години независност“ – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и со музичкиот спектакл на плоштадот Македонија во Скопје, на кој главна ѕвезда ќе биде шпанскиот тенор Хозе Карерас.

Деталната програма, датумите и точните локации за сите 15 градови ќе бидат дополнително соопштени во следниот период.

Светски познатиот тенор Хозе Карерас и македонските ѕвезди ќе пеат на скопскиот плоштад по повод 35 години независност на Македонија

За помалку од 12 часа распродадени се 50.000 влезници за концертот на Дејвид Гета во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот