Познат распоредот: Вардар групната фаза во ЛШ ја почнува во Германија, а ја завршува во Франција
По денешната ждрепка беше објавен и распоредот на натпреварите за Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите, во која македонскиот шампион се враќа меѓу европската елита.
Препорачано
„Црвено-црните“ европската кампања ќе ја отворат со гостување кај германскиот Мелсунген, актуелен освојувач на Лигата на Европа. Интересно е што германскиот тим од клупата го предводи поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Првиот домашен натпревар Вардар ќе го одигра против француски Нант, а потоа во Скопје ќе гостува и полска Висла Плоцк. Следува реваншот во Полска, по што вардарци ќе го пречекаат Мелсунген. Групната фаза ќе ја затворат со гостување кај Нант во Франција.
Распоред на натпреварите на Вардар:
9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар
16/17 септември 2026: Вардар – Нант
7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк
14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – Вардар
21/22 октомври 2026: Вардар – Мелсунген
27/28 октомври 2026: Нант – Вардар
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
14мин
-
39мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


