Познато е колку заработи БиХ со пласманот во нокаут фазата на Светското првенство
Босна и Херцеговина за прв пат во својата историја обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, а историскиот успех носи и значителна финансиска добивка за фудбалскиот сојуз.
Препорачано
Со победата од 3:1 над Катар, избраниците на Сергеј Барбарез го потврдија своето место меѓу 32-те најдобри селекции во светот и обезбедија дополнителен бонус од ФИФА.
Според правилата на Светската фудбалска федерација, секоја репрезентација што ќе ја помине групната фаза добива загарантирана награда, која дополнително расте со секоја следна фаза на натпреварувањето. За пласман во осминафиналето, тимовите инкасираат најмалку 15 милиони долари, покрај претходно обезбедените средства за учество.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Процветаа лилјаните во САД, Очоа се израмни со Роналдо
Според проценките на босанските медиуми, вкупната заработка на Фудбалскиот сојуз на БиХ со овој пласман изнесува околу 19 милиони долари, односно приближно 16 милиони евра — што претставува најголем финансиски успех во историјата на нивниот фудбал.
Финансиските награди продолжуваат да растат со секоја наредна фаза, а шампионот на Мундијалот ќе заработи и до 50 милиони долари од наградниот фонд.
ВИДЕО | Мексико убедливо против Чешка, Јужна Африка обезбеди пласман во нокаут фазата


