Доналд Трамп / фото: Rawpixel / CC0

ВИДЕО | Катастрофален земјотрес во Венецуела — се стравува дека 100.000 луѓе загинале, Трамп вети хуманитарна помош

Доналд Трамп вети брза американска помош за Венецуела, откако два разорни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени синоќа ја погодија земјата и урнаа згради во главниот град Каракас, пренесува „ЦНБС“.

„САД се подготвени, имаат волја и можност да помогнат. Ќе бидеме тука за нашите нови пријатели“ напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“.

Тој додаде дека им наредил на сите владини агенции да се подготват за брзо дејствување.

Заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, претходно изјави дека американските власти се во постојан контакт со венецуелските власти и дека веќе ја мобилизираат потребната помош за јужноамериканската држава.

Според високиот претставник на американскиот Стејт департмент, Џереми Луин, САД веќе испратиле тим за справување со катастрофи и специјална работна група за испорака и за координација на итна помош за населението во Венецуела, вклучувајќи спасувачки тимови, медицински материјали и хуманитарни ресурси.

Геолошкиот институт на САД издаде две последователни црвени предупредувања и процени дека постои 41 отсто веројатност бројот на загинати да надмине 10.000 луѓе, како и 17 отсто шанса тој да достигне 100.000 жртви.

Институцијата предупреди и дека силните земјотреси би можеле да го намалат бруто-домашниот производ на Венецуела за дури седум проценти.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба, а подоцна соопшти дека загинале 32 луѓе, додека околу 700 се повредени.

Земјотресите се меѓу најсилните што ја погодиле земјата во последните сто години. Венецуела се наоѓа во сеизмички активна зона каде што се судираат Карипската Плоча и Јужноамериканската Плоча.

Брзата понуда за помош од САД одразува одредено дипломатско приближување меѓу администрацијата на Трамп и привремената венецуелска влада предводена од Родригез.

Вашингтон воспостави контрола врз извозот на венецуелска нафта по јануарската воена интервенција, по која беше соборен тогашниот претседател Николас Мадуро.

Од јануари наваму, САД останаа најголемиот купувач на венецуелска нафта, при што вредноста на извозот контролиран од Вашингтон пораснала од 600 милиони долари во јануари на 3,7 милијарди долари во април, според податоците на американскиот Совет за надворешни односи.

Организацијата проценува дека преку овој аранжман биле реализирани трансакции во вредност од околу осум милијарди долари. По САД, најголеми увозници на венецуелска нафта се Индија и Шпанија.

ВИДЕО | Трамп: Moжам да бидам претседател на Венецуела, само да го совладам шпанскиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот