Тејлор Свифт и Тревис Келси ја слават победата на Канзас Сити Чифс над Сан Франциско 49ерс во Супербол 58, одигран на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас. По триумфот на Чифс, пејачката се симна на теренот каде што емотивно го прегрна и бакна својот партнер / Фото: Profimedia

ФОТО | „Њујорк тајмс“ објави детали — Тејлор Свифт и Тревис Келси подготвуваат повеќедневна свадбена прослава во „Медисон сквер гарден“

Според американскиот весник, прославата би можела да трае од 2 до 4 јули, а се очекуваат околу 1.000 гости.

Една од најголемите мистерии ова лето е кога и каде ќе се венчаат поп-ѕвездата Тејлор Свифт и играчот на американски фудбал Тревис Келси. Нови информации до кои дошол „Њујорк тајмс“ укажуваат дека двојката подготвува повеќедневна свадбена прослава во арената „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Според весникот, повикувајќи се на извори запознаени со организацијата, на 2 јули е планирана интимна прослава за околу 100 гости, додека главната свеченост би се одржала на 3 јули, кога се очекува присуство на околу 1.000 гости. Дел од програмата, наводно, би можела да вклучува и музички настапи.

Подготовките веќе се во тек. Според „Њујорк тајмс“, до градските власти било поднесено барање за затворање на улиците околу арената од 2 јули до пладне на 4 јули. Дополнително, повеќе играчи на Канзас Сити Чифс резервирале хотелско сместување во Њујорк, а и полицијата задолжена за железничката станица под арената била известена да очекува голем свадбен настан за време на викендот околу американскиот Ден на независноста.

Тејлор Свифт и Тревис Келси / Фото: Profimedia

Од „пријателска нараквица“ до свршувачка

Врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси започна во 2023 година, откако играчот на американски фудбал присуствуваше на нејзиниот концерт од турнејата „Ерас“. Подоцна откри дека сакал да ѝ подари пријателска нараквица со својот телефонски број, но не успеал да ја запознае.

Неколку месеци подоцна Свифт почна да присуствува на неговите натпревари, а нивната романса брзо стана една од најследените во светот на шоу-бизнисот и спортот. Двојката ја објави свршувачката во август минатата година, со заедничка објава на Инстаграм, по што започнаа шпекулациите за свадбата.

Тревис Келси и Тејлор Свифт на нивната фотосесија за свршувачката / Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Њујорк се подготвува за голем спектакл

Иако засега нема официјална потврда, можно е самата венчавка да се одржи на друга, поприватна локација, а прославата во „Медисон Сквер Гарден“ да биде организирана за семејството, пријателите и бројните славни гости.

Претставници на арената, како и на Тејлор Свифт, не ги коментирале информациите објавени од „Њујорк тајмс“.

Претходно се шпекулираше дека свадбата ќе се одржи во Род Ајленд, но тоа не се реализираше. Сега вниманието е насочено кон Њујорк, каде што градските власти веќе се подготвуваат за можниот наплив на посетители.

Доколку прославата навистина се одржи во „Медисон Сквер Гарден“, градот го очекуваат засилени безбедносни мерки, дополнителен сообраќаен метеж и голем број обожаватели. Во истиот период Њујорк ќе биде домаќин и на прославите по повод Денот на независноста, натпревари од Светското првенство во фудбал и други големи јавни настани, што дополнително ќе ја зголеми посетеноста на градот.

Том Хенкс им даде брачен совет на Тејлор Свифт и Тревис Келси: „Мажот мора да прави…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот