ФОТО | „Љубовта не познава граници“: Хрватка и Босанец испратија емотивна порака во дресовите на своите земји
Поранешните натпреварувачи од хрватското издание на кулинарското шоу „Мастер шеф“, Сања Цукон и Сеад Бојиќ, ги воодушевија следбениците на социјалните мрежи со заедничка објава во која позираат во дресовите на своите национални репрезентации.
Препорачано
Сања, која е од Хрватска, носеше дрес на хрватската репрезентација, додека Сеад, кој потекнува од Босна и Херцеговина, беше облечен во дресот на својата земја. Со фотографиите испратија порака дека љубовта е посилна од сите разлики.
„Хрватска и Босна и Херцеговина во еден кадар, во една прегратка и во еден живот“, напишаа тие.

Тие споделија и емотивна порака во која истакнаа дека нивната љубов е доказ дека не е важно од каде доаѓа човекот, туку каков е.
„Нашата приказна покажува дека љубовта не прашува од каде си, туку каков човек си. Она што нè поврзува отсекогаш било посилно од сè што нè разликува. Денес со гордост ги носиме боите на своите земји, а уште погордо ги живееме вредностите што ги делиме – љубовта, семејството, почитта и заедништвото. Кога ќе се спојат две срца, се спојуваат и два света“, напишаа тие.

Љубовната приказна на Сања и Сеад започнала за време на седмата сезона на хрватското издание на „Мастер шеф“. Иако симпатиите се родиле уште за време на натпреварувањето, тие одлучиле да ја започнат врската дури по завршувањето на шоуто, далеку од камерите и натпреварувачкиот притисок.
Сеад ја запроси Сања во октомври минатата година во Сараево, а само еден месец подоцна тие стапија во брак. Денес заедно работат во ресторан во Пула.
ВИДЕО | Босна покажа дека е подобра од Катар и дојде многу блиску до нокаут фазата


