Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Крис Џонс ќе ги разигрува белградските „црвено-бели“

Американецот Крис Џонс е првото засилување за тимот на Црвена звезда за новата сезона.

Џонс во Црвена звезда доаѓа од екипата на Хапоел, а со белградските „црвено-бели“ потпиша двегодишен договор и  треба да претставува огромно засилување за тимот.

„Искусниот американски плејмејкер Крис Џонс е првото засилување на КК Црвена Звезда во летниот преоден рок! Крис Џонс носи одличен квалитет и искуство на позицијата организатор на натпревари во Црвена Звезда и е еден од најдоверливите плејмејкери во европската клупска кошарка. Пред сè, тимски играч кој ги става своите индивидуални квалитети до максимум во функција на тимот“ – се вели во објавата на Црвена звезда.

Теодосиќ е нов спортски директор на Црвена звезда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот