Милош Теодосиќ Фото: КК Црвена звезда

Теодосиќ е нов спортски директор на Црвена звезда

Она што се најавуваше со недели, доби официјална потврда – Милош Теодосиќ се врати во Црвена звезда. Клубот од „Мали Калемегдан“ на социјалните мрежи објави дека Теодосиќ повторно ќе биде дел од црвено-белиот табор, а овој пат ќе ја извршува функцијата спортски директор.

„Еден од најголемите кошаркари во историјата на европската и српската кошарка, Милош Теодосиќ, е нов спортски директор на КК Црвена звезда! Една година откако ја заврши својата одлична играчка кариера, во дресот на нашиот клуб, Милош Теодосиќ повторно ја засили Црвена звезда во нова улога – како прв оперативец на спортскиот сектор“ напишаа од Црвена звезда на социјалните мрежи.

Теодосиќ знае како дише клубот, а неговите контакти во кошарката сигурно ќе им помогнат на „црвено-белите“.

„Прво, благодарам на клубот за довербата. Исто така, им се заблагодарувам на бројните навивачи за сите пораки за поддршка што ги добив во последните седум дена. Ќе се обидам да ја оправдам таа доверба и секогаш да давам сè од себе за Црвена звезда. Отворам ново поглавје, по мојата играчка кариера, во кое ќе се обидам да ги ставам сите мои капацитети во служба на Црвена звезда. Моите манири никогаш не биле да давам ветувања и да користам зборови што им се допаѓаат на сите. Знам од каде доаѓам, знам кои се целите и мотивите на Звезда“, изјави Теодосиќ.

Теодосиќ на оваа позиција ќе го замени Милан Дозет на кого клубот му се заблагодари за соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ