Педро Поро/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)

Продолжена необична традиција – Тотенхем повторно има светски шампион

Тотенхем со години важи за еден од најнесреќните клубови меѓу англиската фудбалска елита. Иако е дел од т.н. „голема шесторка“ во Премиер лигата, лондонскиот клуб ретко се вклучува во трката за шампионската титула, а минатата сезона дури водеше борба за опстанок и едвај го избегна испаѓањето.

Сепак, настапите на Светското првенство покажаа сосема поинаква слика. Неколкумина фудбалери на Тотенхем блескаа во дресовите на своите репрезентации и оставија далеку подобар впечаток отколку во клупската сезона.

Одбранбената четворка составена од Педро Поро, Мики ван де Вен, Кристијан Ромеро и Џед Спенс одигра значајна улога за Шпанија, Холандија, Аргентина и Англија, а најголемиот успех го оствари Поро, кој со шпанската репрезентација се искачи на светскиот трон.

Со тоа шпанскиот десен бек продолжи една необична традиција, фудбалер на Тотенхем трет Мундијал по ред станува светски шампион. Пред него, во 2022 година титулата ја освои Кристијан Ромеро со Аргентина, додека во 2018 година во Русија до светската круна стигна тогашниот капитен на Франција, легендарниот голман Уго Лорис.

Модриќ ќе се збогува од Хрватска во натпревар против светските шампиони?

Рекордна посетеност на Мундијалот – речиси седум милиони луѓе на стадионите

ФОТО | Роналдо со еден потег покажа што мисли за Аргентина и за ФИФА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот