Фабијан Руиз/X

ФОТО | Многу емоции во една фотографија: „Мамо, сè се исплатеше“

Шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз предизвика многу емоции со неговата по освоеното Светско првенство. По победата над Аргентина во финалето, играчот од средниот ред сподели фотографија на која заедно со својата мајка Чари го држи трофејот од Мундијалот, а до неа напиша кратка порака: „Мамо, сè се исплатеше“.

Зад оваа фотографија се крие приказна за огромна жртва, љубов и посветеност, која го трогна спортскиот свет.

Фабијан порасна во местото Лос Паласиос во близина на Севилја. По разводот на неговите родители, мајката Чари останала сама да се грижи за трите деца. За да го издржува семејството, работела тешки физички работи и не штедела труд за да им обезбеди подобар живот.

Моментот на пресврт дошол кога скаутите на Реал бетис го забележале талентот на младиот Фабијан и го поканиле во клупската академија. Запознаени со тешката финансиска состојба на семејството, челниците на клубот ѝ понудиле на Чари постојана работа како хигиеничарка во клупските простории и тренинг-центарот, понуда што таа веднаш ја прифатила.

Секое утро, уште пред седум часот, таа пристигнувала на стадионот. Додека нејзиниот син ги правел првите чекори кон професионалната кариера на тренинг-терените, таа ги чистела соблекувалните, ходниците и трибините.

Фабијан подоцна призна дека како тинејџер понекогаш му било непријатно кога ќе ја видел мајка си како работи во клубот. Но, тоа чувство брзо исчезнало и било заменето со огромна гордост. Со текот на годините тој напредуваше во Бетис, а потоа направи големи трансфери во Наполи и Пари Сен Жермен.

Во меѓувреме, Чари не сакала да остане само мајка на успешен фудбалер. Покрај работата во клубот, запишала и успешно дипломирала психологија. По 15 години чесна и напорна работа во Бетис, заминала во заслужена пензија, дури кога повеќе немало финансиска потреба да работи.

Најголемата награда за сите нивни жртви стигна во финалето на Светското првенство против Аргентина. Руиз беше еден од најдобрите шпански фудбалери во текот на целиот турнир, а токму неговиот гол ја однесе „црвената фурија“ во полуфиналето.

Воедно, продолжи и една неверојатна традиција, Шпанија никогаш нема загубено натпревар кога Фабијан Руиз настапил за националниот тим. Досега има одиграно 50 натпревари во дресот на „црвената фурија“ и сè уште не знае за пораз.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот