Кристијано Роналдо / Фото: EPA

ВИДЕО | Шпанците го понижија Роналдо на големата прослава во Мадрид

Шпанската фудбалска репрезентација се врати во Мадрид, каде што заедно со илјадници навивачи го прослави историскиот успех и освојувањето на втората светска титула.

По парадата низ улиците на главниот град, кулминацијата на прославата се одржа на централната сцена во Мадрид, каде што фудбалерите еден по еден беа претставувани пред армијата навивачи.

Токму во тој момент се случи момент кој за кратко време стана хит на социјалните мрежи. При најавата на Жереми Пино, водителот Раул Рамос реши да се пошегува на сметка на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

„Во Ломо дел Ченто го нарекуваа Кристијано Роналдо. Но знаете која е разликата? Пино има трофеј од Светското првенство“, порача Рамос, предизвикувајќи бурни реакции кај присутните.

Шегата беше проследена со воодушевување од публиката, а видеото брзо стана тема на социјалните мрежи.

Јамал за средбата со Меси: Зборовите што ми ги кажа вредат исто колку медалот

Трагичарот на Аргентина се огласи и не се извини: Има работи што се поважни од резултатот…

Ибрахимовиќ: Да бев на теренот, ќе го удрев Паредес со глава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот