Маслинко и МЗТ Скопје ја продолжија љубовта
МЗТ Скопје продолжува со составувањето на тимот за новата натпреварувачка сезона, откако клубот ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко.
Препорачано
Искусниот крилен центар потпиша нов едногодишен договор и ќе го носи сино-белиот дрес и во сезоната 2026/27. За 29-годишниот кошаркар висок 208 сантиметри ова ќе биде седма сезона во редовите на тимот од Аеродром, каде пристигна во 2017 година.
Во досегашниот период со МЗТ Скопје, Маслинко освои три шампионски титули во македонското првенство и три трофеи во Купот на Македонија, а во својата кариера има вкупно четири куп-пехари.
Од клубот очекуваат репрезентативецот да ја дочека новата сезона целосно подготвен и без повреди, со важна улога во составот кој ќе има амбиции да ги одбрани домашните трофеи, но и да оствари добри резултати во ФИБА Еврокупот и АБА2 лигата.
Претходно МЗТ Скопје ги продолжи договорите со капитените Дамјан и Војдан Стојановски, а тимот го засилија Лука Стојановски, Никола Василевски и босанскиот интернационалец Емир Крајиниќ.
Ѓоревски: МЗТ има обврска да ја претставува Македонија на европската сцена


