Нејмар/EPA/WILL OLIVER

Вака изгледа тимот составен од фудбалери кои најмногу разочараа на Мундијалот

Секое Светско првенство покрај новите ѕвезди носи и играчи кои не ги оправдуваат големите очекувања. Иако на Мундијалот пристигнаа како лидери на своите репрезентации, дел од најпознатите светски фудбалери не успеаја да го покажат најдоброто издание.

Токму затоа американскиот „ЕСПН“ го состави тимот на најголемите разочарувања на турнирот, а во него се најдоа звучни имиња од светскиот фудбал.

На голманската позиција е искусниот Фернандо Муслера, додека одбраната ја сочинуваат Џошуа Кимих, Вирџил ван Дајк, Марк Геји и Нико О’Рајли.

Во средниот ред место добија Федерико Валверде, Скот Мектоминеј и Бруно Фернандеш, а најразочарувачката напаѓачка тројка, според изборот на „ЕСПН“, ја сочинуваат Флоријан Вирц, Кристијан Пулишиќ и Нејмар.

Според анализата на американскиот медиум, сите овие фудбалери на Светското првенство пристигнаа со статус на клучни играчи и со големи очекувања од своите репрезентации. Сепак, наместо да бидат главни носители на играта, нивните настапи останаа далеку под нивото што јавноста и навивачите го очекуваа пред почетокот на шампионатот.

ВИДЕО | Eден аргентински репрезентативец не беше како останатите и покажа почит кон Шпанците

ФОТО | Роналдо со еден потег покажа што мисли за Аргентина и за ФИФА

ВИДЕО | Шпанците го понижија Роналдо на големата прослава во Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот