По заминувањето на Гвардиола, Манчестер сити ги стави неговите лични предмети на аукција
Манчестер сити започна со продажба на личните предмети на својот поранешен менаџер Пеп Гвардиола преку јавна аукција, по неговото официјално заминување од клупата на крајот од минатата сезона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Педесет и петгодишниот Шпанец летово одлучи да се повлече од функцијата на клупата на „граѓаните“, иако имаше уште една година од договорот. Сега клубот се обидува уште еднаш да профитира од Шпанецот, откако на својата официјална веб-страница објави дека ќе ги продаде мебелот и личните предмети од неговата приватна канцеларија.
Аукцијата ќе трае уште пет дена, а на неа се нуди разновидна колекција од предмети што му припаѓале на Гвардиола. Меѓу нив се неговото препознатливо свирче, кадилото, тренерската опрема, сетови шолји за кафе и разни сувенири, како и светилката и столчето од неговата канцеларија. Според британскиот весник „Сан“, клубот практично целосно ја празни просторијата, а единствено работната маса, софата и закачалката за облека не се ставени на продажба.
Several items from @PepTeam‘s office are up for auction 🤝
Explore all the items on offer below ⤵️
🔗 https://t.co/ekI9Xe0A2W pic.twitter.com/VEjHno5l9I
— Manchester City (@ManCity) July 20, 2026
Навивачите веднаш покажаа голем интерес. Наддавањето за свирчето достигна 282 фунти, додека сувенирите веќе вредат 571 фунта. Кадилото достигна цена од 172 фунти, а веднаш пред неа е светилката од канцеларијата со понуда од 200 фунти.
Во меѓувреме, Манчестер сити го назначи Италијанецот Енцо Мареска, поранешниот менаџер на Челси, за наследник на Гвардиола и нов тренер за сезоната 2026/27. Мареска добро го познава клубот, бидејќи во два наврати работеше како помошник на Гвардиола.
Италијанецот веќе повлече голем потег на летниот трансфер-пазар, откако го ангажираше Елиот Андерсон од Нотингем Форест за 116 милиони фунти, а воедно ги донесе и младите таленти Пирс Чарлс, Џереми Монга и Матис Дуторб.
This is certainly a new (and very interesting!) approach from Man City…😲 They are auctioning off items from legendary boss Pep Guardiola’s old office, from his whistle, to his incense collection, fans now have the opportunity to buy a small piece of authentic club history 🤯… pic.twitter.com/4Q2vvoC5Fp
— OneFootball (@OneFootball) July 21, 2026
Што следува за Гвардиола? Многумина очекуваа тој да направи пауза од тренерската работа. Сепак, за време на Светското првенство се појавија информации дека постигнал усмен договор да стане селектор на Англија пред Томас Тухел да го наследи Герет Саутгејт, но во последен момент се откажал од таа можност. Последните медиумски извештаи тврдат дека сега води сериозни разговори со Италијанската фудбалска федерација за да седне на клупата на „Азурите“.
ФОТО | Kлоп со една фотографија од Светското првенство ги налути навивачите на Звезда


