Челси подготвува големо засилување во одбраната – мета е Џон Стоунс
Челси е заинтересиран да го ангажира англискиот репрезентативец Џон Стоунс, кој моментално е слободен играч по истекот на договорот со Манчестер сити.
Препорачано
Лондонскиот клуб се приклучи во трката за потписот на 32-годишниот дефанзивец, за кого заинтересиран е и Интер, пренесува „Би-Би-Си“.
Покрај Стоунс, Челси води преговори и за дефанзивецот на Кристал Палас, Максенс Лакроа, а ја следи и ситуацијата околу младиот стопер на Комо, Jакобо Рамон.
Chelsea are interested in signing England defender John Stones on a free transfer following his departure from Manchester City. pic.twitter.com/hB3OjQ3QzY
— Match of the Day (@BBCMOTD) July 21, 2026
Во исто време, клубот работи и на намалување на бројот на дефанзивци во ростерот за да ослободи место за нови засилувања.
Трево Чалоба е во преговори за трансфер во Комо, додека Аксел Дисаси и Беноа Бадијашил се меѓу играчите кои Челси е подготвен да ги продаде.
Стоунс мина девет сезони во Манчестер сити, откако во 2016 година пристигна од Евертон за 47,5 милиони фунти.
За „граѓаните“ одигра 295 натпревари и освои импресивен број трофеи: шест во Премиер лигата, Лигата на шампионите, две титули во ФА Купот, пет Лига купови, три Комјунити Шилд трофеи, како и Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.
Во дресот на англиската репрезентација има 93 настапи и беше дел од генерацијата која го освои третото место на Светското првенство.
Фабијани: Голема е мотивацијата утре да се прикажеме во многу подобро светло


