фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Винчиќ не го исклучил Паредес за тепачката против Шпанците

Иако првичните информации од дел од медиумите беа дека аргентинскиот репрезентативец бил исклучен, тоа не се случило.

Паредес беше еден од главните актери во масовната турканица по последниот судиски свиреж, кога физички се пресмета со Ерик Гарсија и Гави. Сепак, во официјалниот записник од натпреварот не е заведено негово исклучување, а единствениот црвен картон останува оној на Енцо Фернандез, кој беше исклучен уште во судиското продолжение поради втор жолт картон.

И покрај тоа што не доби црвен картон на теренот, Паредес не е ослободен од одговорност. ФИФА отвори дисциплинска постапка за инцидентите по натпреварот, а аргентинскиот играч би можел дополнително да биде санкциониран по разгледувањето на извештаите и видео-снимките.

ВИДЕО | Toрес го скрши аргентинскиот бункер, Шпанија по продолженија до втора светска титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот