Емерик Лапорт/Sefudbol

Барселона за 15 милиони евра може да се засили со фудбалер кој блескаше на Мундијалот

Барселона е подготвена да тргне во офанзива по потписот на шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт, објавуваат медиумите од Шпанија. Според нивните информации, каталонскиот гигант наскоро ќе воспостави контакт со неговите претставници за да ги разгледа можностите за реализација на трансферот.

Во клубот веруваат дека искусниот стопер би донел стабилност во последната линија благодарение на своето богато меѓународно искуство, лидерски квалитети и фактот што е левоног, профил што Барселона го цени при составувањето на одбраната.

Една од идеите е Лапорт да формира стоперски тандем со младиот Пау Кубарси, со кого веќе успешно соработуваше во дресот на шпанската репрезентација на Светското првенство.

Се наведува дека спортскиот директор Деко внимателно ги следел неговите настапи на Мундијалот, а прикажаните игри дополнително го убедиле дека Лапорт би бил вистинско засилување за тимот.

Наводно, неговата откупна клаузула изнесува 15 милиони евра, сума што во Барселона ја оценуваат како реална и финансиски достижна за евентуален трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот