ФОТО | Избрани најбајковитите дестинации во Европа — една е скапоцениот камен на поранешна Југославија
Новата листа на најбајковитите европски дестинации за 2026 година носи комбинација од прочуените знаменитости и помалку познатите места кои изгледаат како сцени од бајките, но во кои луѓето и денес живеат и работат, опкружени со вековни улици и природни пејзажи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Туристичката платформа European Best Destinations објави листа на најбајковитите европски дестинации за 2026 година, составена врз основа на проценки на експери и гласови на патници од целиот свет.
Прво биле вклучени повеќе од 4.200 локации низ Европа, а потоа бројот бил стеснет на 68 дестинации според критериумите како што се историските вредности, атмосферата, автентичноста, културата и вкупното искуство на посетителите. Потоа, патниците ги избрале своите три фаворити, со што била формираа конечната листа, пренесува „Еуроњуз“.
Погледнете како изгледаат што влегле во првите 10.
Замокот Елц, Германија
Замокот Елц со својот изглед навистина потсетува на глетка од детска бајка, додека се издига над долината Мозел, меѓу зашумените ридови на западна Германија.
Овој средновековен замок му припаѓа на истото семејство повеќе од 850 години, а особено е интересно што, и покрај бурната европска историја, никогаш не бил разорен во војната.
Мон Сен Мишел, Франција
Мон Сен Мишел, кој се издига од плимните рамнини на брегот на Нормандија, е еден од најимпресивните знаменитости на Франција.
Со островот, кој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО, доминира бенедиктинска опатија која со векови привлекува посетители, а од врвот можете да набљудувате како плимата го менува изгледот на околниот пејзаж.
View this post on Instagram
Тоса де Мар, Шпанија
Тоса де Мар покажува поинаква страна на Коста Брава – ова поранешно рибарско село се издвојува по одлично зачуваните средновековни ѕидини на Вила Веља, над песочните плажи и Средоземното Море.
Не е тешко да се разбере зошто сликарот Марк Шагал го нарекол овој град „Синиот рај“, ниту зошто и денес привлекува многу уметници.
View this post on Instagram
Темните живи огради, Северна Ирска
Една од најфотографираните атракции во Северна Ирска е алејата од букови дрвја засадени во 18 век за да го врамат приодот до едниот имот.
Обожавателите на „Игра на тронови“ ќе ја препознаат оваа локација како Кралскиот пат, но импресивна им е и на оние кои никогаш не ја гледале серијата.

Рига, Латвија
Рига можеби нема класичен бајковит изглед каков што имаат некои други европски престолнини, но токму тоа ѝ дава посебен шарм.
Главниот град на Латвија ги спојува средновековните улици и црковните кули со една од највредните светски колекции на архитектурата во стилот на арт нуво
Замокот Нојшванштајн, Германија
Замокот Нојшванштајн се смета за еден од најмагичните замоци во Европа и еден од најпрепознатливите симболи на Баварија. Изграден е од баварскиот крал Лудвиг Втори, познат и како „Срамежливиот крал“, кој го користел за да се крие од јавниот живот бидејќи не ги сакал општествените обврски.
Бел отворен за посетители уште во 1886 година, а денес секоја година го посетуваат повеќе од милион луѓе.
Ротенбург об дер Таубер, Германија
Ротенбург об дер Таубер е еден од најубавите средновековни гратчиња во Германија и вистинското место за љубителите на бајковити пејзажи.
Без оглед на годишното време, неговите калдрмисани улици, зачувани ѕидини и куќи со дрвени греди изгледаат како да излгле од сликовница.
Блед, Словенија
Блед е еден од скриените скапоцени камења на европскиот туризам, најпознат по истоименото езеро, во чие средиште се наоѓа мал остров со црква, една од најпрепознатливите туристички атракции на Словенија.
Комбинацијата од кристално чисто езеро, планинска околина и средновековен замок на карпа го направи Блед една од најфотографираните дестинации во Европа.


