Лука Модриќ/AC Milan

Веќе нема дилеми, позната е иднината на Модриќ

Лука Модриќ и во следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на Милан, откако италијанскиот гигант е пред финализирање на нов договор со хрватскиот ас.

Според последните информации, раководството на „росонерите“ ги привршува преговорите со искусниот играч за врска, кој треба да стави потпис на едногодишно продолжување на соработката, со важност до 30 јуни 2027 година.

Модриќ во Милан пристигна минатото лето, а во дебитантската сезона настапи на 34 натпревари во сите конкуренции. Притоа постигна два гола и забележа три асистенции, уште еднаш потврдувајќи дека и покрај годините сè уште игра на врвно ниво.

Токму неговите настапи беа доволна причина клубот да му понуди нов договор, со желба хрватскиот ветеран да остане важен дел од тимот и во наредната сезона.

Пред преселбата на „Сан Сиро“, Модриќ цели 13 години беше дел од Реал Мадрид, каде што се запиша во историјата како најтрофејниот фудбалер на шпанскиот великан.

Неговиот трансфер во Серија А предизвика големо внимание кај фудбалската јавност, а навивачите на Милан уште од првите натпревари го прифатија со овации, уживајќи во партиите на еден од најдобрите играчи за врска во современиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот