Фото: instagram.com/ghana_fa_official

Селекторот на Гана: Англија не загуби само затоа што ВАР судиите отидоа да пијат кафе

И покрај освоениот бод против Англија (0:0), селекторот на Гана, Карлош Кеирош, не беше задоволен од судиските одлуки и реакцијата на ВАР системот, особено во завршницата од натпреварот.

Гана одигра цврст и дисциплиниран натпревар против фаворитот, со што освои значаен бод во борбата за пласман во нокаут-фазата. Сепак, клучниот момент се случи во 79. минута, кога по дуелот меѓу Езри Конса и Принс Квабена Аду во шеснаесетникот, гостите бараа пенал, но судијата Саид Мартинез не реагираше, а од ВАР собата немаше интервенција.

По натпреварот, Кеирош остро реагираше, изразувајќи сомнеж во работата на ВАР системот.

„Не сум сигурен дали ВАР воопшто функционира на Светското првенство. Имам сериозни сомнежи. Тоа мораше да биде пенал и црвен картон за Англија“, изјави селекторот на Гана.

Поранешниот селектор на Иран беше особено креативен во коментирањето на случувањата на теренот.

„Изгледа како ВАР судијата отишол да пие кафе, да не беше така, ќе добиевме пенал и ќе победевме. Нема проблем, и јас сакам да пијам кафе, но пеналот беше чист и англискиот играч мораше да добие црвен картон.“

Во финишот на натпреварот се случи и краток инцидент на теренот меѓу Џуд Белингам и клупата на Гана, кој сепак брзо бил смирен и не прерасна во посериозен конфликт.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Бесмртниот Роналдо и докторската дисертација на Карлош Кеирош

ВИДЕО | Мундијалски вести: Бесмртниот Роналдо и докторската дисертација на Карлош Кеирош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот