ФОТО | Зошто Алмирон беше исклучен со новото правило на ФИФА, а Белингем не?
Англија вчера ремизираше против Гана во натпревар во кој не блескаше и одигра само 0-0, а дел од јавноста смета дека Англичаните во овој дуел требало да останат со фудбалер помалку.
Препорачано
Имено, Џуд Белингем во еден момент ја прекриваше устата додека зборуваше со Џордан Ају, нешто што според новите правила на ФИФА се казнува со црвен картон. Такво исклучување веќе видовме на дуелот помеѓу Турција и Парагвај каде што црвен картон заработи Алмирон.

Инцидентот се случи на натпреварот во Бостон и предизвика реакции во дел од странските медиуми, кои посочуваат на двојни критериуми во примената на новите правила.
Сепак, постојат и техничките детали од новото правило, воведено во април годинава кои би можеле да објаснат зошто англискиот репрезентативец избегна казна.
Правилото беше донесено по инцидентот од минатата сезона во Лигата на шампионите, кога Џанлука Престијани од Бенфика се обиде да ги сокрие навредите упатени кон Винисиус Жуниор од Реал Мадрид покривајќи ја устата додека зборуваше.
Аргентинскиот фудбалер првично беше обвинет за расистичко однесување, што тој категорично го негираше, по што доби привремена суспензија од еден натпревар.
По истрагата на Европската фудбалска унија, Престијани беше прогласен за виновен за хомофобично однесување и казнет со суспензија од шест натпревари, од кои три беа условни.


