ВИДЕО | Мадона повторно шокираше, интернет полуде — ноншалантно запали цигара среде ревијата на „Сен Лоран“
Првиот ден од Неделата на машка мода пролет/лето 2027 во Париз надмина многу очекувања. Пред сè, благодарение на интересниот распоред на ревиите, но и на гостите кои ги исполнија првите редови, а околу тоа посебно се погрижи луксузната модна куќа „Сен Лоран“. Бидејќи она што го претстави белгиско-италијанскиот моден дизајнер Ентони Вакарело не беше само нова машка колекција, туку внимателно режирана вечер која ги споила модата, културата на славните, музиката и идејата за забава по ревијата.
Препорачано
Сместена во монументалниот простор на париската Берза за трговија, ревијата започнала речиси како филм. Ентериерот на просторот бил претворен во карактеристичниот свет на Сен Лоран: пригушено осветлување, благ чад и атмосфера што повеќе потсетувала на сцена од филм отколку на класична модна писта.
Освен спектакуларната ревија и амбиентот, очите биле вперени кон првиот ред. Меѓу гостите биле Кејт Мос со ќерката Лила, Рами Малек, Остин Батлер, Џо Алвин, Деби Мазар, Арка и голем број модни и музички имиња, но погледот на сите присутни најмногу се концетрирал на кралицата на поп-музиката Мадона, Чарли XCX и Конор Стори.
View this post on Instagram
Мадона докажа зошто е голема ѕвезда
Мадона пристигнала театрално, последна, облечена во црвена чипка и со препознатлива доза на ноншалантност, а по прегратките и бакнежите, седнала во првиот ред. До неа седела пејачката Чарли XCX. Мадона разговарала и со американскиот актер Конор Стори, а потоа дошол и моментот кој за миг заврши на социјалните мрежи – Мадона и Чарли XCX запалиле цигари.
Во просторот исполнет со магла на Фуџико Накаја, со пригушено осветлување и атмосфера на „Сен Лоран“, сцената изгледала премногу филмска за да биде случајна.
View this post on Instagram
Воодушевени реакции на социјалните мрежи
Во исто време, реакциите на интернет покажаа колку начинот на кој гледаме на ваквите гестови се променил денес. Додека некои коментираа дека станува збор за „стар гламур“ и естетика што совршено се вклопува во светот на Ентони Вакарело, други го нарекоа тој момент перформативен кул фактор и ја доведоа во прашање романтизацијата на пушењето во време кога поп-културата се обидуваше да се оддалечи од ваквите визуелни елементи во последните години.
Мадона откри како ги бирала партнерите — нејзиниот критериум е тотален хит
Мадона планирала да сними биографски филм во Србија — еве зошто пропаднал проектот
ВИДЕО | Мадона повторно шокира — објави спот со експлицитни сцени, собрала куп ѕвезди


