Кристијано Роналдо/EPA/MIGUEL A. LOPES

Роналдо: Кога нема да дадам гол велат дека сум за во пензија, таков е животот

Кристијано Роналдо по постигнатите два гола во убедливата победа на Португалија над Узбекистан од 5:0 во второто коло на Мундијалот изрази задоволство и истакна дека критиките секогаш ги има кога не му оди на теренот.

Доби прашање Португалецот и дали би сакал да се сретне со неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси.

„Би било убаво, но прашањето е бесмислено… Најважно е она што се случи денес. Победивме и ја поминавме групата, а сега мора да се подготвиме за она што доаѓа. Знаеме дека ќе имаме тежок натпревар против Колумбија, но основната цел беше пласман понатаму и успеавме. Играв добро и ѝ помогнав на екипата“, изјави 41-годишниот фудбалер.

Португалија претходните денови беше изложена на критики по ремито со Конго, но следуваше силен одговор на теренот.

„Напредувавме. Тоа е животот. Секогаш има предизвици и најважно е постојано да се подобруваш. Зад нас е многу тешка недела, недела во која јавноста беше многу остра кон сите нас, особено кон селекторот. По 23 години кариера навикнат сум на тоа, кога оди добро, Кристијано е одличен, а кога не оди добро, тогаш сум стар и за пензија. Така ќе биде секогаш. Но ова беше вистински одговор од мене и од соиграчите. Игравме добро, вршевме висок притисок и кога Португалија игра така, тешко е да нè запреш. Не е случајно што постигнавме пет гола“, додаде тој.

Со погодокот на овој натпревар, Роналдо се приклучи на Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд меѓу стрелците на Мундијалот, а истакна дека никогаш не се сомневал во себе.

„Секогаш се појавувам кога треба. Можеби подоцна отколку што луѓето очекуваат, но тука сум. Затоа и понатаму ја работам својата работа и верувам во она што го правам. Работам напорно, а Бог ми помага. Така било низ целата моја кариера. Најважни ми се тимот и заедништвото со соиграчите и семејството. Сè друго што доаѓа однадвор не можеме да го контролираме. Кога не играме добро и не победуваме, секогаш сме на удар на критики, особено јас, но навикнат сум на тоа и продолжувам понатаму“, заклучи Роналдо.

ВИДЕО | Ибрахимовиќ му одговори на Роналдо: Се вратил? Мислев дека никогаш не замина…

ВИДЕО | Роналдо не сакаше да одговори на прашање за Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот