Ѓоковиќ неочекувано се повлече од турнир во Лондон и ги загрижи фановите
Новак Ѓоковиќ нема да настапи на егзибицискиот турнир во лондонскиот „Харлингам клуб“, кој се одржува непосредно пред почетокот на Вимблдон, а не е познато и зошто бидејќи не е објавена причината за повлекувањето.
Препорачано
Српскиот тенисер требаше денеска да игра против Карен Хачанов, во меч кој беше планиран како негова единствена проверка на формата на трева пред стартот на третиот гренслем сезонава. Наместо него, на теренот ќе настапи Мартин Дам, 106. играч на АТП ранг-листата.
Организаторите само ја потврдија промената во распоредот, без дополнителни објаснувања за откажувањето, иако претходно учеството на Ѓоковиќ беше официјално најавено. Ваквиот развој на настаните веднаш поттикна прашања околу неговата физичка состојба, имајќи предвид дека во текот на сезоната имаше проблеми со рамото. Сепак, неговиот настап на Ролан Гарос делуваше релативно стабилен, и покрај поразот од Жоао Фонсека во третото коло.
Вимблдон стартува на 29 јуни, а времето за адаптација на тревната подлога е сè пократко. Титулата ја брани Јаник Синер, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до својот осми трофеј во Лондон и да се израмни со рекордот на Роџер Федерер.


