Топлотниот бран во Западна Франција остави 68.000 домаќинства без струја
Во најзападниот департман Финистер во Франција имаше прекин на електричната енергија поради екстремните температури што ја погодија областа, јавува Анадолу.
Препорачано
Во објавата на социјалната мрежа X, департманот Финистер сооопшти дека прекин на струјата доцна синоќа имало во 106.000 домаќинства, а околу 68.000 останале целосно без електрична енергија.
Прекинот се случил по инцидент на два трансформатора на операторот на францускиот систем за пренос на електрична енергија РТЕ.
Од департманот соопштија дека РТЕ не може повторно да ги поврзе погодените домаќинства во текот на денот и дека електрична енергија ќе добијат најрано до крајот на денешниов ден.
„Приоритет се дава на пуштањето електрична енергија во здравствените установи. Домовите за стари лица каде што нема електрична енергија преку мрежата ќе бидат снабдени со генератори“, стои во соопштението.
До прекин на електричната енергија поврзан со жештините дојде откако 58 департмани, меѓу кои и Финистер, беа ставени под црвена тревога поради високите температури за кои се очекува да достигнат 40 Целзиусови степени во делови од земјата.
Националната метеоролошка служба на Франција, Метео-Франс, исто така, издаде портокалово предупредување за 31 департман.
Криминална група во Грција крадела струја — нанела штета од над девет милиони евра


