Миодраг Тодоровиќ/КК Маџари

Кожув за новата сезона го доведе најдобриот тренер во Суперлигата

Екипата на Кожув во новата сезона ќе ја предводи досегашниот тренер на Маџари, Миодраг Тодоровиќ.

Тој во Гевгелија пристигнува по успешната сезона со дебитантот во која Маџари стигна до финалето во плеј-офот и остави силен впечаток во Суперлигата.

Пред ангажманот во Маџари, Тодоровиќ беше дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје, каде што ја извршуваше функцијата помошен тренер, а паралелно е и селектор на македонската репрезентација до 18 години.

Неговата работа не остана незабележана, па доби и признание како најдобар тренер во Суперлигата за изминатата сезона.

Јакимовски: Мора да се подготвиме најдобро што можеме, натпреварот со Ирска е еден од најважните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот