Поранешниот сопруг на Софија Вергара се борел со опасна болест — спасот го барал преку шамани и древни ритуали
Актерот и поранешен сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, откри дека се борел со автоимуна болест опасна по живот, што довело до хируршко отстранување на орган.
Препорачано
Тој отворено зборува за својата седумгодишна здравствена битка во нова книга во која ги претставува неговите претстојни мемоари „Крвни линии“, пишува „Пејџ сикс“.
Во описот на книгата се вели дека 49-годишниот Манганиело се борел со „серија автоимуни болести“ кои влијаеле на неговата тироидна жлезда, дигестивен систем, кожа, бели дробови и очи. Во тој период, тој се соочил со „хронична болка, отстранување на органи што му го спасиле животот, егзистенцијална криза и долгорочна борба за опстанок што ги оставила лекарите со малку одговори и без јасно објаснување“.
Кога лекарите не можеле да објаснат што се случувало, ѕвездата на „Меџик Мајк“ се свртел кон неконвенционални методи на лекување.
За да се обиде да си помогне, Манганиело вели дека користел „шамани, пагански ритуали, древни митови, одамна изгубени семејни записи и повторно будење на сопствената духовност“.
Актерот, исто така, се продлабочил во генеалогијата на своето семејство, откривајќи предци кои го преживеале ерменскиот геноцид, како и други кои живееле со хронични болести.
– Тоа беше најбруталниот и најтешкиот период од мојот живот, период што не би му го посакал ниту на мојот најлош непријател, но беше и мојата најголема авантура. Се надевам дека моето искуство може да им даде надеж на читателите дека од другата страна на нивната борба, каква и да е, има одговори и исцелување – изјавил Манганиело за „Пипл“.
– Процесот на пишување на оваа книга ми даде нова перспектива и ми помогна да разберам како моето страдање беше кожурец од кој ќе излезам засекогаш променета – додал тој.
Но, не е точно познато кога Манганиело се борел со опасната болест.
Инаку, Манганиело беше во брак со Софија Вергара од 2015 до 2024 година. Тие се разведоа затоа што таа не сакаше повеќе деца. Манганиело ѝ предложи брак на Кејтлин О’Конор во јуни минатата година. Неговите мемоари, „Крвни линии“, треба да бидат објавени на 13 октомври.


