Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак

Актерката Софија Вергара (51) и Џо Манганиело (46) официјално се разведуваат по седум години брак, пишува „Пејџ сикс“.

Колумбијката моментално ужива во Капри, Италија, каде го прослави роденденот со група пријатели, но на повидок не беше ниту Џо, ниту нејзиниот венчален прстен.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека минуваме низ оваа нова фаза од нашите животи“, гласи официјалната изјава на славната двојка.

Извор близок до парот, вели дека двајцата веќе некое време се разделени и одвоиле време за да размислат за својата иднина. Софија и Џо последен пат беа видени заедно минатиот месец, кога го посети на снимањето на филмот „Nonnas“ во Њу Џерси.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Актерката објави многу фотографии од одморот во Италија, а обожавателите веднаш забележаа дека нешто не е „во ред“, па многумина во коментарите ја прашаа „Каде е Џо?“.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Актерот ги продлабочи сомнежите кога и го честиташе роденденот на својата сопруга, со објава на Инстаграм на која многу кратко напиша „Среќен роденден Софија“.

Фото: Instagram/ Sofia Vergara

Да потсетиме, Софија и Џо се запознаа во 2014 година, а се верија шест месеци подоцна. Тие се венчаа една година подоцна во Палм Бич, а на церемонијата присуствуваа 350 гости, меѓу кои и многу познати личности.

ФОТО | „Летото е за мене“: Софија Вергара ужива покрај базен во провокативно бикини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот