Тони Зен / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО | Прв одмор со ќерката Дена – Тони Зен сподели преубави моменти од Пелопонез

Хип хоп музичарот Тони Зен деновиве ужива во семеен одмор на Пелопонез, Грција, од каде со своите следбеници сподели серија фотографии и видеа од летната авантура.

Особено внимание привлече фотографијата на која Тони е со својата ќеркичка која ја носи во кенгур, додека уживаат во сончевиот медитерански амбиент покрај морето.

Ова е едeн од ретките семејни моменти што музичарот ги споделува јавно, имајќи предвид дека приватниот живот отсекогаш го чувал далеку од очите на јавноста.

Валентина Јованова, сопругата на Тони, е од Гевгелија, а двојката е во брак од 2019 година. Истата година тие станаа родители на синот Јасен, кој денес има шест години.

Минатата година семејството доби уште една причина за радост, Тони Зен стана татко по вторпат. На 3 декември 2025 година, Валентина ја роди нивната ќерка Дена, која наскоро ќе наполни седум месеци. Малечката го носи уникатното име Дена, со хебрејско потекло и значење „правичност“ или „суд“.

Покрај семејниот живот, Тони Зен останува активен и на музичката сцена. Оваа година одбележува повеќе од две децении кариера како еден од пионерите на македонскиот хип-хоп.

По повод 21 година од првиот албум, тој издаде премиум сет кој содржи два албума на винил и две стихозбирки. Албумот „Од изворот на изборот” е издаден во 2019 на ЦД, но овојпат е на плоча, додека новиот албум, седми по ред, ќе биде единствено на винил и е насловен „21/7 – Другата страна на изборот”.

И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот „Од изворот на изборот” се преведени и на англиски јазик, а во стихозбирките има и фотографии и јапонска калиграфија направена од Тони Зен. Фотографиите се аналогни, со цел да се задржи автентичноста на ова издание или концепт насловен „Изборот/Изворот”.

„Ова издание е моето животно дело, кое ги опишува моите духовен пат и развивање низ полето на музиката, културата, уметноста и животот воопшто“, изјави Тони Зен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот