Дина Јашари и нејзиниот бенд ќе го отворат концертот на „Дјуран Дјуран“ во Скопје
Продукцијата „Авалон“ најави дека Дина Јашари и нејзиниот бенд ќе го отворат концертот на „Дјуран Дјуран“. Македонската публика ќе има можност да ја чујат легендарната музичка група на 2 јули во СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Препорачано
– Дина е едно од највозбудливите и најавтентични имиња на новата македонска музичка сцена, артистка која со својот уникатен звук, харизма и авторски печат успеа да ја освои публиката и критиката низ регионот и Европа. Овојпат, Дина, заедно со својот одличен бенд, ќе ја загрее сцената за еден од најголемите и највлијателни бендови на сите времиња, актуелен и денес – велат од продукцијата.
Ова е уште едно големо признание за Дина и нејзината музика, а за публиката уште една причина да дојде порано и да ужива во целовечерен настан на 2 јули во СЦ Борис Трајковски.
Таа важи за лидер на новиот македонски музички бран, а добитник е и на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ” во 2022.
Дина го отвори и концертот на „Масив атак“ како прв концерт од ланското издание на „Скопје колинг“ на 28 јуни 2025 година, во организација на „Авалон“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
38мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


