ФОТО | Георгина Родригез не е на трибините, но будно го следи натпреварот со Португалија — еве како го бодри Роналдо
Додека повеќето светски фудбалски ѕвезди на Светското првенство уживаат во директна поддршка од своите подобри половини од трибините, вниманието на јавноста го привлече отсуството на една од најпознатите – Георгина Родригез.
Препорачано
Иако камерите на стадионите веќе снимија бројни сопруги и девојки на фудбалери како емотивно го доживуваат секој момент од турнирот, свршеницата на Кристијано Роналдо овој пат беше отсутна и го гледа натпреварот во поинаква средина.
Георгина откри на своите социјални мрежи дека не го гледа денешниот натпревар помеѓу Португалија и Узбекистан на Светското првенство во живо, туку од удобноста на нивниот дом.
Таа сподели фотографија на која може да се види како стои до телевизорот, носејќи го само дресот на португалската фудбалска репрезентација со бројот 7 на Кристијано Роналдо.
– Ден на натпреварот – напиша таа покрај фотографјата.
🚨JUST IN: Georgina celebrating Cristiano Ronaldo’s goal on IG. pic.twitter.com/eCgbIPhn77
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 23, 2026
Познатиот португалски фудбалер беше поддржан од други членови на неговото семејство, а неговата сестра Катја беше особено емотивна, носејќи го дресот што самиот Кристијано веќе го носеше на натпреварот, велејќи: „Има траги од трева и пот на борец“.
Да потсетиме, на денешниот натпревар против Узбекистан, Роналдо стана првиот фудбалер кој постигнал голови на шест последователни светски првенства.
ВИДЕО | Драматична трансформација — Георгина Родригез дебитираше како русокоса во Кан


