Фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

ВИДЕО | Сите помислија дека ќе шутира Роналдо – каква мајсторија на Мендеш

Португалската фудбалска репрезентација води против Узбекистан во второто коло од групната фаза на Светското првенство со 3:0.

По лошиот почеток на Светското првенство и нерешениот резултат со ДР Конго, Португалија покажа брза реакција веќе во првото полувреме на стадионот во Хјустон.

Португалија поведе во шестата минута откако Жоао Кансело му асистираше на Кристијано Роналдо.

Нешто подоцна, во 17 минута беше досуден фаул на работ од шеснаесетникот, од позиција каква што само посакува Кристијано Роналдо.

Сите мислеа дека Роналдо ќе го изведе ударот, врз основа на поставеноста, но следеше изненадување.

Роналдо застана, на сцена стапи Нуно Мендеш, кој со левата нога беше исклучително прецизен и ја испрати топката во мрежата на немоќниот узбекистански голман, Нематов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот