Франција, лето, жешко време / Фото: EPA/YOAN VALAT

Над 40 луѓе се удавија во Франција — сакајќи да се разладат скокале во небезбедни реки и канали

Најмалку 40 луѓе се удавиле во последните пет дена во инциденти поврзани со топлотниот бран во Франција, изјави премиерот Себастијан Лекорну, додека температурите достигнаа рекордни нивоа во неколку поголеми градови, а топлотниот бран достигна врв во некои европски земји, објави „Индепендент“.

„Пливањето во ненадгледувани области за време на топлотен бран носи ризици. Премногу луѓе се обидуваат да се разладат во реките и каналите без нужно да ги земат предвид ризиците“, изјави министерката за спорт и млади Марина Ферари.

Европа се пече како во рерна – температурите надминуваат 40 степени

Меѓу жртвите е 13-годишно девојче, а еден млад професионален фудбалер е во критична состојба откако бил извлечен од реката Рона близу Лион.

Франција, Шпанија и Италија досега се најтешко погодени од топлотниот бран. Франција вчера ги забележа своите најжежок јунски ден и најжешка ноќ откако се вршат мерењата, со минимален просек од 21,6 степени, според „Метео Франс“, а над половина од земјата е во црвен аларм.

ВИДЕО | „Ова е само почеток“: температурите во Европа до 45 степени, тројца починаа во Франција од топлото време

Во Шпанија, температурите достигнуваат над 40 степени во некои области, со црвен аларм во Андалузија на југ и Кантабрија и Баскија на север. Италија прогласи црвена тревога за топлотен бран во 15 градови, вклучувајќи ги Рим, Милано, Фиренца, Торино и Венеција.

Неколкумина луѓе се удавиле и во Германија, каде што се најавуваат температури до 40 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот