Дете со костим за капење, летно време горештини, илустрација/ Фото EPA/AARON M. SPRECHER

ВИДЕО | „Ова е само почеток“: температурите во Европа до 45 степени, тројца починаа во Франција од топлото време

Метеоролозите најавуваат дека ова е само почеток. До крајот на неделата се очекува температурите дополнително да се зголемат, а во некои делови од земјата би можеле да надминат 45°C.

Тројца луѓе починале од здравствени проблеми предизвикани од топлото време во Франција. Според прогнозата, денешните температури во Бордо, во југозападна Франција, ќе надминат 42 степени Целзиусови, а метеоролошката агенција „Метео Франс“ соопшти дека 49 регионални административни области ќе бидат под црвено предупредување за топлотен бран, објави „Ројтерс“.

„Нè очекуваат, барем, неколку дена многу, многу топло време. Не знаеме кога температурите ќе почнат да паѓаат“, изјави француската министерка за здравство Стефани Рист на телевизискиот канал TF1.

Три постари лица, на возраст меѓу 80 и 95 години, починаа за време на викендот во регионот Бордо како резултат на здравствени проблеми предизвикани од сегашниот топлотен бран во Франција, изјавија од локалната самоуправа.

Метеоролозите најавуваат дека ова е само почеток. До крајот на неделата се очекува температурите дополнително да се зголемат, а во некои делови од земјата би можеле да надминат 45°C.

Луѓето наоѓаат најразлични начини да се разладат. Секаде кај што има река, езеро, море се користи максимално за разладување.

Во Шпанија, државната метеоролошка агенција „Аемет“ издаде црвен аларм за Баскија, во вообичаено постудениот северен дел од земјата, при што живата во Сан Себастијан се очекува да се искачи на максимум 40 степени Целзиусови, повеќе од двојно повеќе од историскиот просек за 22 јуни, според „Ројтерс Климат Монитор“.

Сан Себастијан се очекуваше да биде потопол од јужните градови Севиља и Кордоба, кои вообичаено ја бележат најинтензивната летна топлина во земјата.

„Гледаме температури помеѓу 5 и 10 степени над нормалата за ова време од годината, а во некои северни области дури и повеќе од 10 степени над просекот“, рече Рубен дел Кампо, портпарол на „Аемет“.

Европскиот континент денеска е најдалеку од својата историска норма, со просечна висока температура од 24 степени Целзиусови, што е за 4,1 степени Целзиусови над она што беше типично од 1961 до 1990 година, според климатскиот мониторинг. За споредба, Азија и Северна Америка беа за 2 степени Целзиусови и 1,3 степени Целзиусови над историската норма.

Засолништата за диви животни во северна Европа мака мачат со бројот на животни што беа донесени поради топлината. Најпогодени се птиците, кои ги прават своите гнезда на стреата на покривите, кои понекогаш достигнуваат 50 степени.

Шпанското Министерство за труд во понеделник соопшти дека следи дали компаниите се придржуваат до законите што им дозволуваат на работниците да го намалат или прилагодат своето работно време кога се издаваат портокалови или црвени временски предупредувања. Работниците исто така имаат право на до четири дена платен одмор ако не можат да стигнат до своето работно место поради временските услови, се вели во соопштението.

Екстремни горештини во Франција — воведена е забрана за алкохол на јавни настани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот