Ганскиот врач што тврдеше дека го „средил“ Роналдо, сега му се закани на Кејн
Ганскиот врач Нана Кваку Бонсам повторно привлече внимание со контроверзни изјави, откако најави дека ќе фрли клетва врз капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, пред важниот натпревар на Светското првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Англија се надева дека со победа над Гана ќе обезбеди пласман во нокаут-фазата, но Бонсам тврди дека ќе направи сè што е во негова моќ за да го запре еден од најдобрите англиски напаѓачи. Кејн веќе постигна два гола на турнирот и е еден од главните адути на Англичаните.
„Работам на Хари Кејн. Веќе покажав што сум способен да направам и знам што треба да преземам за да го запрам. Познат сум по моите предвидувања“ изјавил Бонсам.
Додаде Босам и дека нема намера да му предизвика сериозна повреда на фудбалерот.
„Не сакам да му нанесам тешка повреда. Доволно е само да го спречам да биде опасен против мојата земја. Ќе ја завршам својата работа за да ѝ помогнам на Гана“, порача врачот.
Бонсам тврди дека неговите моќи потекнуваат од светилиштето Кофи Оо Кофи и себеси се нарекува „единствениот вистински човек на Африка“.
Ова не е првпат ганскиот врач да привлекува внимание со вакви тврдења. Во 2014 година тој тврдеше дека е одговорен за проблемите со коленото на Кристијано Роналдо за време на Светското првенство.
„Знам што се случува со повредата на Кристијано Роналдо, јас работам на него. Пред четири месеци кажав дека сериозно ќе се зафатам со него и ќе го исфрлам од Светското првенство или барем ќе го спречам да игра против Гана. Најдоброто што можам да го направам е да го задржам надвор од теренот поради повреда. Оваа повреда не може да ја излечи ниту еден лекар. Никој не може да ја открие вистинската причина бидејќи е духовна. Денес е коленото, утре бутниот мускул, задутре нешто друго“, изјави тогаш Бонсам.
ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна


