Три возила се судриле на патот помеѓу Прилеп и Битола — повредени се седуммина, меѓу нив и две деца
Три возила вчера се судриле на патот помеѓу градовите Прилеп и Битола, а во сообраќајната несреќа се повредиле седум луѓе, вклучувајќи и две деца.
Препорачано
„На 21.06.2026 во 15:45 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘тојота’ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(24) од с.Мусинци, општина Могила, патничко возило ‘сеат’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 54-годишната В.М. од Битола и патничко возило ‘мазда’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(51) од Скопје“, соопшти МВР.
Во несреќата тешко е повредена возачката на „сеатот“, В. М., додека со полесни телесни повреди се здобиле нејзините сопатници, С. В., на возраст од 37 години, Н. В., на возраст од 40 години, и двајца малолетници, сите од село Возарци, кавадаречко.
Со повреди завршиле и двајцата возачи Д. Р. и Г. М., констатирани во Градската болница Прилеп, се додава во соопштението.
Екипа од Одделението за внатрешни работи Прилеп извршила увид на местото на настанот.
Повеќе од десет луѓе се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Свети Николе-Куманово


