Селекторт на Зеленортските Острови, Бубиста. EPA/MIGUEL A. LOPES

Селекторот на Зеленортските Острови зборува за подлабоките мотиви: Не е сè во фудбалот

Тука сме да ја покажеме нашата земја на целиот свет, вели Бубиста

Дебитантот на Мундијалот 2026, Зеленортските Острови, е многу пријатно изненадување откако изигра две нерешени средби со две големи имиња, со Шпанија во првото коло (0-0) и со Уругвај во второто (2-2).

Сега селекторот на овој тим, Бубиста, открива кои се мотивите што го движат неговиот тим кон изненадувачки добрите резултати за еден дебитрант.

– Тука сме да ја покажеме нашата земја на целиот свет. Значи, не станува збор само за тоа како играме фудбал. Станува збор за сè, за нашата култура, нашата музика, нашата историја, нашите навивачи. Сакаме луѓето низ целиот свет да ги познаваат Зеленортските Острови, онакви какви што сме, покажувајќи го идентитетот на нашиот народ- сè тоа – рече Бубиста.

И покрај нивните импресивни настапи против двајца поранешни мундијалски шампиони, Бубиста инсистираше дека неговите играчи мора да останат приземјени пред нивниот последен натпревар од групата против Саудиска Арабија. Тој меч е клучен во нивниот обид да се изборат за влез во нокаут-фазата.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Фијаско на Турција, Белгија игра под секое ниво, продолжува бајката на Зеленортски Острови

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот