Зеленортски Острови/EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

Фудбалерите на Уругвај и Зеленортските Острови ги поделија бодовите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами Гарденс, во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското првенство, одигрувајќи нерешено 2:2.

Уругвај од самиот почеток наметна силно темпо, ја контролираше играта и создаде повеќе опасни шанси. Сепак, Зеленортските Острови од својата единствена вистинска можност во првиот дел стигнаа до водство. Во 21. минута Ленини ја затресе мрежата на Уругвај и донесе изненадувачко водство од 1:0.

До крајот на првото полувреме Уругвајците успеаја целосно да го свртат резултатот. Араухо израмни во 44. минута, а Канобио во судиското продолжение постигна гол за пресврт и водство од 2:1.

Во второто полувреме Зеленортските Острови заиграа многу поофанзивно и создадоа неколку добри можности. Таквиот пристап беше награден во 61. минута, кога Варела ја искористи големата грешка на дефанзивецот Оливера и погоди за израмнување на 2:2.

Уругвај, пак, во продолжението делуваше непрепознатливо и безопасно во нападот, па не успеа да стигне до посакуваните три бода. Најблиску до победа беше во 68. минута, кога Араухо повторно ја затресе противничката мрежа, но погодокот беше поништен по проверка со видео-технологија поради недозволена позиција.

До крајот резултатот не се менуваше, па Зеленортските Острови запишаа уште едно големо изненадување на турнирот, откако во првото коло ремизираа и со Шпанија.

По две одиграни кола, Уругвај и Зеленортските Острови го делат второто место во групата Х со по два бода. Лидер е Шпанија со четири бодови, додека Саудиска Арабија е последна со еден освоен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот