Линдзи Грахам / Фото: EPA/ALEX WROBLEWSKI

Американски сенатор: Ако договорот пропадне, Трамp ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, познат по својот цврст став кон Иран, ја поддржа заканата на претседателот Доналд Трамп дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку дипломатските напори со Иран не успеат. Тој во интервју за Си-би-ес вели дека очекува обидите на САД да постигнат дипломатско решение со Иран да пропаднат, иако истакна дека „подобро би пробал дипломатија отколку да се тргне од маса“.

Заканите на Трамп ги налутија Иранците — тензично на преговорите во Швајцарија

„Ајде да пробаме дипломатско решение. Мислам дека ќе пропадне. Што ќе се случи потоа?“, рече Греам.

Греам, еден од најблиските сојузници на Трамп, изјави дека поминал повеќе од четири часа со претседателот во петокот, по склучувањето на прелиминарниот договор меѓу САД и Иран за кој администрацијата верува дека би можел да го отвори патот за понатамошни преговори за прекинување на нуклеарната програма на Иран.

„Доколку овој договор не успее, претседателот Трамп ќе го преземе Ормутскиот теснец со сила. САД ќе го контролираат Ормутскиот теснец и ќе наплаќаат данок за секој што поминува низ него за да ги покријат трошоците за операцијата“, рече Греам.

Трамп: Ако Иран не ги запре веднаш своите сојузници во Либан, ќе го удриме многу силно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот