ВИДЕО | Катедралата во Барселона беше „бомбардирана“ со 100.000 напишани песни во спомен на жртвите од граѓанската војна
Необичен и моќен уметнички перформанс се одржа пред Катедралата во Барселона, каде што од хеликоптер беа исфрлени 100.000 ливчиња со пишана поезија посветена на слободата. Станува збор за проект на чилеанскиот уметнички колектив „Касагранде“ (Casagrande), пренесува „Ен ара“.
Препорачано
Главната идеја на овој перформанс е преку уметноста да се евоцираат непријатните моменти од минатото и на некој начин да се редефинира воздушниот простор со нешто убаво и благородно.
View this post on Instagram
Локацијата е избрана со силна симболика
Локацијата на „поетското бомбардирање“, се случи во познатиот Готски кварт веднаш пред самата катедрала, беше намерно избрана за да се потсети на штетите и страдања предизвикани во оваа област во 30-тите години.
За време на Шпанската граѓанска војна, од 1937 до 1939 година, Барселона претрпела дури 1.903 воздушни бомбардирања, во кои загинале повеќе од 2.700 луѓе, а над 7.000 биле повредени.
Некои места околу Катедралата бие едни од најтешко погодените зони. За време на двата воздушни напади во 1938 година, во првиот бран загинале 42 лица, од кои 20 биле деца, додека само неколку месеци подоцна, во тридневен брутален напад, истиот кварт бил повторно погоден, во кои животот го загубиле стотици жители.
View this post on Instagram
100 автори испратија порака за слобода
Ова беше десетто јубилејно издание на серијата „бомбардирања“ на колективот „Касагранде“, кој досега реализираше слични перформанси во девет други градови ширум светот. Во оваа акција беа вклучени вкупно 100 автори – 50 од Чиле и 50 од Каталонија.
Песните беа пуштени од хеликоптер, отпечатени во форма на обележувачи за книги, за да можат минувачите и посетителите лесно да ги уловат во воздухот и да ги земат за себе. Целата поезија е напишана на шпански и на каталонски јазик, а стиховите носат длабоки пораки за слободата, сеќавањето и последиците од војната.


