Фото: EPA/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Шпанија доминираше против Саудиска Арабија за прва победа на Мундијалот

Шпанската фудбалска репрезентација денеска ја победи Саудиска Арабија со убедливи 4:0 (3:0) во второто коло од групата Х на Светското првенство, кое се играше во недела во Атланта, САД.

Во 10 минута од натпреварот, Ламин Јамал го постигна својот прв гол во кариерата на Мундијалите по асистенцијата на Микел Ојарзабал, кој подоцна стана двоен стрелец. Во 21 минута, тој го постигна првиот гол по асистенција на Ајмерик Лапорт, а во 24 минута, Дани Олмо му асистираше за вториот гол.

Во 49 минута, Шпанија поведе со 4:0, кога Марк Кукуреља шутираше, саудискиот голман Ал Оваис одбрани, но топката се одби од саудискиот дефанзивец Ал Тамбакти и заврши во мрежата.

Мрежата на Саудиска Арабија во самиот финиш од мечот ја затресе и Феран Торес, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Шпанија сега е лидер во групата со четири бода, додека Уругвај, Зелено’ртските Острови и Саудиска Арабија имаат по еден бод. Вториот натпревар од второто коло во оваа група е закажан за полноќ, кога Уругвај и Зелено’ртските Острови ќе се сретнат во Мајами, САД.

ГРУПА Х

Второ коло:
Шпанија – Саудиска Арабија 4:0
Уругвај – Зелено’ртски Острови Р. (22.6., 00.00, Мајами)

Табела:
1. Шпанија 2 1 1 0 4-0 4 бодови
2. Уругвај 1 0 1 0 1-1 1
3. Зеленортски Острови Р. 1 0 1 0 0-0 1
4. Саудиска Арабија 2 0 1 1 1-5 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот