ФОТО | Турција испадна од Мундијалот, а актуелната власт повеќе ја погоди поздравот за Хакан Шукур
Турската фудбалска репрезентација ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата на Светското првенство по поразот од Парагвај со 1-0 во второто коло, што предизвика силни реакции во земјата.
Препорачано
Навивачите се разочарани од настапите на националниот тим и сметаат дека фудбалерите потфрлиле по поразите од Австралија и Парагвај.
Сепак, вниманието на властите во Анкара го привлече друг момент од натпреварот.
Пред почетокот на средбата во Санта Клара, на стадионскиот екран биле прикажани имиња на турски граѓани кои добиле јавни поздрави, практика што се применува на годинашниот Мундијал.
Меѓу имињата двапати се појавило и она на Хакан Шукур (54), поранешен капитен на турската репрезентација и една од најголемите легенди на турскиот фудбал, кого актуелната власт во Турција го смета за државен непријател и терорист.
Според медиумските извештаи, поддржувачи на Шукур кои не се согласуваат со политиките на актуелната власт платиле неговото име да биде прикажано на семафорот.
Турските власти го обвинуваат Шукур за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година и го поврзуваат со организацијата ФЕТО, која Анкара ја третира како терористичка.
Поранешниот напаѓач, кој е рекордер на турската репрезентација со 112 настапи и 58 голови, од 2016 година живее во егзил во САД каде што работи како таксист.



