ФОТО | Турист покажа што добил за 3 евра во Шпанија: „Во Хрватска за тоа ќе добиеш половина чаша вода“
Цените се еден од клучните фактори при изборот на летување, а споредбите помеѓу Хрватска и другите дестинации станаа неопходен дел од секоја туристичка сезона. Деновиве, дискусијата на социјалните мрежи беше поттикната од фотографија од Аликанте, Шпанија, каде што еден турист за само три евра добил кафе и сендвич со шунка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На Редит, еден корисник ја објавил фотографијата со коментар: „Еден пријател е на одмор во Аликанте и постојано ни праќа вакви фотографии“.
Što možeš dobit za 3 eura u Alicante-u ljeta gospodnjeg 2026
by
u/KwanST in
croatia
Објавата брзо станала вирална, но дискусијата не отишла само во насока на критикување на хрватските цени, како што често се случува.
Меѓу првите коментари се наѓол и еден ироничен: „Повторно истата приказна, секаде е подобро отколку кај нас“.
Набрзо се појавилр различни мислења – од оние кои го бранат хрватскиот туризам до оние кои веруваат дека одморот на Јадранското Море станал премногу скап. Посебно внимание привлече шега за Дубровник.
„За три евра во Дубровник можеби ќе добиете половина чаша вода“, се пошегувал еден коментатор.
Зошто луѓето и понатаму ја избираат Хрватска?
Некои корисници се запрашале зошто некој воопшто би ја избрал Хрватска ако е можно да летува поевтино на друго место.
„Кажете ми зошто некој би летувал во Хрватска ако нема семеен апартман. Мошне тажно“, напишал еден корисник.
Друг му одговорил дека веќе две години летува на хрватските острови.
„Причините се едноставни: еден од најубавите брегови во Европа, Јадранското Море и можноста да се дојде со автомобил. На почетокот на септември платив околу 1.600 евра за десетдневен одмор со сè вклучено (all inclusive) за тричлено семејство, што ми се чини сосема прифатливо.“
Според него, најголемиот проблем на островите не е сместувањето, туку ограничениот број на попристапни места за јадење надвор од хотелот.
„Ако не ви се вклучени оброците, честопати сте осудени на ресторани. Понудата на брза храна и поевтини опции не е голема. Ги разбирам критиките поради цените, но Хрватска нуди историски градови, живописни пристаништа, прекрасни плажи и борови покрај морето. Тоа не можете да го најдете насекаде.“
„Луѓето често претеруваат“
Некои коментатори сметаат дека дискусиите за хрватските цени честопати се претерани.
„И понатаму можете да најдете апартман за двајца возрасни и едно дете за 40 или 50 евра од ноќ, на неколку минути од морето. Кафето е околу две евра, а плажите се бесплатни. Многу луѓе само го повторуваат она што го прочитале во медиумите без, всушност, да ја истражат понудата“, напишал еден корисник.
Хрват кој живее во Канада се приклучил на дискусијата и тврди дека пропатувал голем дел од светот.
„Хрватска одамна престана да биде мала туристичка дестинација. Денес е меѓу најважните туристички земји во Европа. Во некои аспекти и понатаму е пред Шпанија. Според моето искуство, услугата е често подобра, а англискиот јазик е многу пораспространет отколку во многу делови од Шпанија.“
Искуство од Аликанте
Дека споредбата не е едноставна покажува искуството на еден корисник кој неодамна се вратил од Аликанте.
„Пред неколку недели бевме во Аликанте. Повратен билет од Загреб со „Рајанер“, со чекиран багаж, нè чинеше околу 100 евра. Градот е пријатен за шетање, а јавниот превоз одлично функционира.“
Според неговите зборови, ноќевање во хотел со четири ѕвездички со богат појадок чинел 120 евра.
„Во еден тапас бар за прошута, сирења, колбаси, леб, помфрит и сангрија плативме 30 евра. Кај нас тоа би било многу поскапо.“
Тој додал дека цените на пијалаците во центарот на Аликанте се движат помеѓу 4,5 и 9 евра, во зависност од локацијата, како и дека плажите се многу средени.
Како најголем недостаток го издвоил јазикот.
„Тие зборуваат англиски доста лошо. Ако знаете неколку основни зборови на шпански, сè ќе ви биде многу полесно.“
ФОТО | Најдобри нудистички плажи во Грција за несекојдневно летно бегство
Изгор-цени на Халкидики — во Торони лежалките одат и до 50 евра


