Фото: Инстаграм/Дуа Липа

ФОТО | Дуа Липа конечно ја покажа венчаницата — „Шанел“ ѝ создаде вистинско ремек-дело со 480.000 монистри

По неколку недели шпекулации, светската музичка ѕвезда Дуа Липа конечно ја откри венчаницата во која застана пред олтарот. За нејзиниот голем ден се погрижи легендарната модна куќа „Шанел“, која создаде вистинско ремек-дело на високата мода.

Станува збор за првата „Шанел От Кутур“ венчаница што за пријателка на куќата ја дизајнирал креативниот директор Метју Блејзи. Креацијата е рачно изработена во париските ателјеа на брендот и претставува резултат на стотици часови прецизна работа.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Највпечатливиот детал е фактот што венчаницата е извезена со дури 480.000 монистра во ателјето „Монте“, додека за декоративните детали налик на накит биле потребни 1.155 часа рачна работа од мајсторите на „Лесаж“.

Раскошната креација е надополнета со два метри долг шлеп, украсен со 25.000 пердуви од работилницата „Лемари“. Дуа носела и шестметарски тул превез, рачно извезен со монистра, пердуви и органза апликации, а изгледот бил заокружен со бели сатенски чевли изработени по нарачка во куќата „Масаро“.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Од „Шанел“ порачаа дека за нив било „голема чест да ја облечат Дуа за овој посебен ден“.

Пејачката и актерот Калум Тарнер првпат го кажале судбоносното „да“ на 31 мај во Лондон на интимна церемонија, а една недела подоцна организирале и голема свадбена прослава на Сицилија во присуство на семејството и најблиските пријатели. Токму таму Дуа ја носела венчаницата што до сега беше чувана во строга тајност.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Дуа Липа со години има блиска соработка со „Шанел“ и редовно се појавува во нивни креации на црвените теписи и модните ревии.

Минатата година модната куќа изработи и специјални сценски костими за нејзината светска турнеја „Радикал Оптимизам“.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Дуа Липа и Калум Тарнер на меден месец во хотел од „Белиот лотос“ — ноќевање чини и до 4.600 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот