Black Coffee одржа спектакуларен концерт во Скопје/Фото: „Слободен печат“ / Агнеса Чаволи
ФОТО+ВИДЕО | Скопје во ритамот на Блек Кофи — спектаклот на Стадионот на АРМ ги исполни очекувањата на илјадници фанови
Агнеса Чаволи
Пред
Добитникот на Греми награда и еден од највлијателните светски диџеи, Black Coffee, синоќа одржа масовен концерт на отворено на Стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон Продукција“.
Концертот привлече илјадници љубители на електронската музика од земјата и од регионот, потврдувајќи го капацитетот на Скопје за организација на настани од највисок светски ранг.
Фото: „Слободен печат“ / Агнеса Чаволи
Black Coffee испорача повеќечасовен сет во кој доминираа неговите препознатливи афро-хаус и мелодични техно звуци. Настапот беше придружен со комплетна аудиовизуелна продукција според светски стандарди, вклучувајќи специфичен дизајн на сцената, врвно озвучување и напредни светлосни ефекти кои дополнително ја подигнаа атмосферата во Градскиот парк.
Фото: „Слободен печат“ / Агнеса Чаволи
Публиката во сите сектори – од партер и фан пит, па сè до бекстејџ зоната – реагираше со одлична енергија од самиот почеток до крајот на сетот.
Black Coffee одржа спектакуларен концерт во Скопје/Фото: „Слободен печат“ / Агнеса Чаволи
Овој музички настан се запишува како еден од клучните за домашната електронска сцена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Наполитанките кај фабрика „Треска“ стануваат реалност. Тешко нам во Скопје и во Центар. Сѐ што ни се случува е спротивно од идеите за квалитет на живот и град по мерка на луѓето. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Ѕвездите од „Пријатели“ се простија од легендарниот режисер Џејмс Бароуз 2 Деветнаесетгодишник …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Ѕвездите од „Пријатели“ се простија од легендарниот режисер Џејмс Бароуз 2 Деветнаесетгодишник со „голф“ прегазил тригодишно девојче на велосипед и избегал 3 Им верувате на очите? Речиси девет од десет луѓе …