Кралот Чарлс им понуди сместување — Хари и Меган доаѓаат во Велика Британија првпат по четири години
Војводата и војвотката од Сасекс, Принцот Хари и Меган Маркл, добија понуда да престојуваат во кралска резиденција следниот месец, за време на нивната посета на Велика Британија. Тие ќе допатуваат заедно со нивните две деца, седумгодишниот Арчи и петгодишната Лилибет, за првпат по 4 години, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
Според информациите, на семејството му е понудено сместување на еден од кралските имоти, но тие сè уште немаат одговорено на поканата. Во претходните посети, принцот Хари одби да престојува во Бакингемската палата поради безбедносни причини, сметајќи дека објектот е премногу изложен на јавноста, а засега не е официјално потврдено која кралска резиденција им е ставена на располагање овојпат, доколку ја прифатат поканата.

Бакингемската палата молчи за средба со кралот
Принцот Хари потврди дека го очекуваат серија настани во Велика Британија следниот месец, со кои ќе се одбележи една година до почетокот на „Инвиктус игрите“ (Invictus Games) – спортски настан за повредени воени лица, кој во јули следната година ќе се одржи во Бирмингем.
Последен пат, кралот Чарлс ги виде своите внуци во живо за време на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во 2022 година. Иако Хари минатата година изјави дека сака да се смири со семејството, Бакингемската палата одби да коментира дали ќе има средба меѓу Чарлс и неговиот син, изјавувајќи за медиумите дека тоа е „приватна семејна работа“.

Безбедносните аранжмани околу посетата, засега, остануваат во тајност, а од палатата е нагласено дека нема да биде обезбедено дополнително кралско обезбедување, бидејќи тоа е во надлежност на британското Министерство за внатрешни работи.

За потетување, големиот раздор во кралското семејство официјално започна во јануари 2020 година, кога Хари и Меган објавија дека сакаат да се повлечат од сите кралски должности и да се прселат во Америка. Главната причина беше огромниот притисок од британските таблоиди, но и поради тоа што Хари почувствува потреба да ја заштити Меган откако почувстувал дек неговиот татко, тогаш принцот Чарлс, и остатокот од палатата не прават ништо за да ја заштитат Меган.
Односите целосно замрзнаа по нивното ексклузивно интервју кај Опра Винфри во 2021 година, каде ја обвинија палатата за расизам и ладнокрвност. Сепак, најголемиот удар Хари го зададе со објавувањето на своите мемоари „Резерва“ (Spare) во јануари 2023 година, каде јавно го изнесе „валканиот веш“ на семејството, откривајќи дека Чарлс со години го ставал во втор план поради постариот брат Вилијам. По ова 4 години наназад, комуникацијата меѓу таткото и синот се сведе на куси, протоколарни средби.


