Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Се налути Игор Џамбазов: Како можат мене, Тамара, Слаткар и Калиопи да нѐ наречат пропалитети?

Игор Џамбазов, отворено и со разочарување проговори за навредите со кои се соочил тој, но и дел од неговите колеги и пријатели.

Актерот рече дека никој нема право да ги нарекува „пропалитети“ него и уште неколку негови колеги и јавно праша: зошто има такви луѓе?

„Сега баш слушнав и се прашав, зошто има такви луѓе? Можеби пет до десет од најуспешните Македонци, нѐ нарече пропалитети. Луѓе, Дали знаете вие што е пропалитет? Тоа е човек што ништо не работи, што ништо не направил во животот, што лаже, што краде, што ги мами луѓето, што мириса лошо, што зборува лошо за другите, што ги третира ги третира жените како животни. Е тоа е пропалитет“, рече актерот за „Црнобело“ и потоа ги наброја колегите за кои слушнал навреди.

„А, не сме пропалитет Слаткаристика, Калиопи, јас и Тамара. Не, срце мое, ни оддалеку. И ние сме имале свои лоши моменти во животот, успони и падови, но тоа е дел од уметникот. Ние сме уметници, нели. Мене дај ми да работам нешто обично, јас ќе го изработам, ама кога не уживам во тоа…“, е дел од изјавата на познатиот актер и шоумен.

На слична тема, зборуваше Џамбазов во едно интервју за „Слободен печат“.

„Себичност, алчност, во модерно време тоа се вика еготрип, да се биде важен. Сите сакаат да се над сите, секој сака да е над секого. Таа желба, таа потреба да се победи подобриот на нечесен начин, тоа е тоа што ја уништува и уметноста кај нас“, рече Џамбазов и се присети на мудра мисла од дедо му, ледендарниот актер Петре Прличко.

„Сите муабети во оваа земја почнуваат и завршуваат за пари. Јас цел живот не сум имал однос кон парите, Уметник сум, пред сѐ и затоа можеби не ги разбирам парите и затоа можеби изгубив толку пари. Но, еве сега, на овие години почнувам да ги ценам. Почнувам да сфаќам колку вредам и притоа се борам и моите колеги да добијат таков третман. Дедо ми Петре велеше дека глумците во негово време имале плата колку што имале министрите, а кога тој одеше во пензија, имаше колку шоферите“, вели Џамбазов.

ВИДЕО | „Кој ги уби нашите деца?“ – праша Игор Џамбазов и ја рецитираше „Крвава бајка“ на „Бубамара“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот