Шинејд О'Конор
Шинејд О'Конор / Фото: Field of Vision - Album / Album / Profimedia

Светска премиера во чест на Шинејд О’Конор — позната кореографка создаде моќно танцово шоу за ирската бунтовничка

Славната кореографка и добитничка на престижната награда „Тони“, Соња Тајех, подготвува вистински емотивен спектакл со наслов „The Surge“ (Налет), посветен на култната ирска кантаавторка Шинејд О’Конор, која почина пред три години. Клучниот детаљ во ова шоу е што сите танчарки на сцената се жени на возраст над 40 години, пишува „Гардијан“.

Тајех открива дека кога слушнала за смртта на Шинејд во јули 2023 година, била целосно скршена од тага, слушајќи ги нејзините албуми размислувала за тоа колку светот згрешил кон неа.

„Шинејд беше толку далеку пред своето време, а светот ја линчуваше и ја понижуваше додека беше жива. Потоа, кога почина, одеднаш сите почнаа да ѝ даваат почит. Каде беа претходно? Таа беше пејачка која немаше желба за слава, туку само сакаше да го каже тоа што го носи во себе“, рече Тајех, која уште како тинејџерка во Детроит била инспирирана од Шинејд да ја избричи главата и да се бори против неправдите.

Глас за жените во зрелите години

Идејата за шоуто се родила сосема спонтано, кога кореографката ја слушала песната „Troy“ и добила јасна визија, испотени, силни жени на сцена, кои танцуваат на музиката на О’Конор. Изборот танчарките да бидат над 40 години не е случаен, Тајех сака да им даде глас на повозрасните жени во уметноста, чии приказни, тела и искуства често се запоставени.

Претставата, која својата светска премиера ќе ја доживее во Манчестер, е приказна за преживувањето, духовноста и „лупењето на слоевите за да се пронајде вистинското јас“. Инспирирана од тешкото детство на Шинејд, но и од сопствените искуства со брутално врсничко насилство како единствено арапско дете во нејзината заедница, Соња Тајех создаде перформанс кој е крик за слобода.

„Се надевам дека нè слуша низ облаците. Луѓето сè уште ја сакаат Шинејд, на луѓето сè уште им е потребна нејзината енергија“, заклучува кореографката.

Животната приказна за Шинејд О’Конор: Мајка ѝ ја злоставувала, сакала да си го одземе животот, синот ѝ починал на 17 години

Морисеј: Немавте храброст да ја поддржите Шинејд кога беше жива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот