Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ВИДЕО | Мажот кој се обиде да влезе во домот на Сабрина Карпентер доби петгодишна забрана за приближување

Судија во средата му изрече петгодишна забрана за приближување на Вилијам Еплгејт, откако повеќе од десетпати се обидел да влезе во домот на Сабрина Карпентер. Според судските документи, пејачката стравува од тоа што би можел да направи доколку не му биде забрането да ѝ се приближува нејзе и на нејзиното семејство, пишува „Њујорк тајмс“.

Мажот, добил забрана за приближување на Карпентер, нејзината сестра и партнерот на нејзината сестра, пресуди судијата Дејвид Васерман од Вишиот суд во округот Лос Анџелес.

Според судските записи, Еплгејт тврдел дека тој и Карпентер „моментално се во главниот фокус на класифицирана воено-владина програма“, поради што е „од суштинско значење“ тие „да бидат заедно што е можно поскоро“ заради „националната и глобалната безбедност“.

Во судските документи, Карпентер го нарече г-дин Еплгејт „целосен странец“ и изјави дека „нема желба да се запознае со или да комуницира со него“.

Детално опишувајќи повеќе вознемирувачки ситуации во кои Еплгејт се приближувал до нејзиниот дом во Лос Анџелес,  Карпентер изјави дека неговото „заблудено инсистирање дека ја познава и дека го очекува е показател за фиксација врз неа“.

„Неговиот модел на демнење, упад на приватен имот и селедење ми предизвика сериозен и континуиран емоционален стрес, и се плашам од она што тој би можел да го направи доколку не биде спречен“, напиша таа.

Сабрина Карпентер – Фото: EPA/ALLISON DINNER

Асошиејтед прес (The Associated Press) пренесе дека  Еплгејт се појавил на судот без адвокат. Блер Берк, адвокатката на г- Карпентер, одби да даде коментар во четвртокот.

Карпентер, која глумеше во тинејџерскиот ситком на Дизни каналот „Девојката го запознава светот“ од 2014 до 2017 година, доживеа вртоглав подем до поп-музичката слава со нејзиниот албум од 2024 година „Short n’ Sweet“, кој ги содржеше популарните песни „Espresso“ и „Please Please Please“. Таа освои две награди на 67-то годишно доделување на Греми наградите. Нејзиниот понов албум, „Man’s Best Friend“, беше номиниран за Греми и го доби признанието за албум на годината на Американските музички награди во 2026 година.

Хакери украле 5,3 милијарди долари користејќи лажни профили на поп-ѕвезди како Тејлор Свифт и Сабрина Карпентер

ВИДЕО | Шекил О’Нил за непристојните пораки кои наводно ѝ ги испраќал на Карпентер – „Јас имам пософистициран пристап“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот